ЖивотУбави совети

Тест: Изберете амајлија и откријте ја својата тајна моќ

Дали верувате дека постои предмет што не штити од злото? Дека има нешто што може да не спаси од солзи, од несреќи, од болка и од се лошо?

Ако верувате, тогаш постои голема шанса и вие самите да имате нешто што носите со себе.

Овој пат за вас подготвивме три амајлии. Одберете ја онаа која прво би сакале да ја носите, судејќи по нејзината убавина, или едноставно онаа која најмногу ве привлекува. Вашиот одговор може да каже многу за вашата личност и вашиот карактер!

Избравте амајлија под буквата „А“
Да бидеме искрени. Вашиот карактер воопшто не е едноставен. Сè може лесно да се направи со вас, но од друга страна, неопходно е да се најде вистинскиот пристап. Вие сте како загатка, лесно се решавате, но треба да ја пронајдете својата слаба точка, односно начинот на кој е можно да се дојде до вас!

Многу добро ви оди во бизнисот. Тоа не значи дека пред се сте најдобриот работник, со најмногу идеи, туку сте личност од доверба, на која секогаш може да се потпрат вашите соработници. Никогаш не би изневериле личност која ви верува и што е најважно, ве сметаат за некој кој е чесен и фер. Одговорен работник, одговорен пријател, примерен партнер.

Вашата тајна моќ:

Веројатно не сте свесни за тоа, но тешко дека постои личност како вас.

Вие сте вистински собирач на тајни!

Токму вака ве доживуваат семејството, пријателите и познаниците! Ако некој ги праша која е нивната доверлива личност, сигурно ќе го кажат вашето име. Дали знаете зошто е тоа така? Затоа што знаете да влезете во сечиј ум и срце, и да бидете на вистинското место во вистинско време.
Блазе на оној што те има за пријател, тој никогаш нема да биде сам! Вашата тајна моќ е вашата сила, вашата личност и ВАШАТА ДУША.
Ретко кој има таква прекрасна и чиста душа како тебе!

Избравте амајлија под буквата „Б“

За волја на вистината, оваа амајлија изгледа наједноставна. И самиот си таков. Човек кој не сака кавги, кој мрази лаги, кој не е луд по авантури и кој е најсреќен кога е покрај оние што ги сака. Не знаете да комплицирате, наоѓате решенија за секој проблем и никогаш не паничите.

Луѓето често се изненадени затоа што сте секогаш насмеани, отворени, целосно искрени, верни и посветени. Често се случува и некој да помисли дека секогаш се преправате дека сте среќни, што не сте, но знаете дека решението не е да почнете да плачете и да ја покажете вашата болка пред сите! Вие сте некој кој знае дека емоциите најдобро се сокриваат од оние на кои не можете со живот да им гарантирате дека се ваши вистински пријатели и дека нема да ве изневерат.

Вашата тајна моќ:

Ова веројатно ќе ве насмее, но вие имате моќ да читате мисли!

Да, вашата интуиција е навистина силна, одлична и неверојатна! Лесно можете да почувстувувате дека некој ве лаже, па дури и да предвидите некои настани. Кога ќе размислите, ќе сфатите дека се случува да сте нервозни од чист мир, а потоа да дознаете некоја лоша вест.

Тоа е затоа што имате неверојатна тајна моќ.Иако ова можеби не ви се допаѓа, погледнете го од посветла страна – доволно сте паметни никој да не ве изневери, и никој да не ве лаже!

Избравте амајлија под буквата „Ц“

Ова е дефинитивно најубавата амајлија. Составена е од неколку делови и изгледа малку сложено како што сте вие. Вашиот карактер е неверојатно силен, како и вашата моќ на интелигенција. Секој ќе каже дека се сметате за навистина паметна и одговорна личност. Родени сте за големи животни задачи и за вас сигурно не се мали нешта.

Не се задоволувајте со ситници, бидејќи вашиот коефициент на интелигенција е навистина над секој просек. Затоа, инвестирајте во вашето образование и работете на себе, бидејќи во тој случај не можете да погрешите!

Вашата тајна моќ е токму вашиот мозок.

ВИЕ ИМАТЕ ГЕНИЈАЛЕН МОЗОК.

Способни сте да ги решите и најголемите проблеми.Не се плашите од ништо, нема ништо невозможно за вас, нема ништо што би можело да ве вознемири.

Родени сте за големи работи и искрено ве советуваме да дадете се од себе за да ги остварите вашите големи соништа.

Ова е навистина возможно, бидејќи со таква интелигенција како вашата, најголемиот проблем во животот лесно се решава!

Со среќа!

Поврзани статии

Back to top button