ЖивотУбави совети

Проливи кај новороденчињата и доенчињата

Причините за појава на дијареа кај деца се многубројни. Меѓу најчестите се цревна инфекција со вируси и бактерии. Инфекцијата или дијареата  може да го загрози здравјето на новороденчето и тоа за многу кратко време бидејќи се работи за кревок организам. При појава на дијареа или зачестена столица-пролив,треба да се следи бројот на столиците, пребојувањето на столицата, времетраењето.

Фактот и моментот кога да се обратите кај вашиот педијатар ќе го наведеме по некој вид на упатство што родителите треба да знаат при појава на таква промена кај новороденото или кај доенчето.

Бебето нормално има различна фреквенција на столици во текот на денот (можеби по секој оброк, до еднаш во неколку дена).

Бебето секогаш има нешто потечна столица за разлика од повозрасното доенче.Родителите  по кратко време ќе се здобијат со искуство за да се направи разлика од “нормална” до течна столица.

Промена на бојата од златно жолта во зелена не е секогаш настан поради кој  што треба да се грижите. Столицата може да биде зелено пребоена и се  должи на промена во бактериска флора и обично е  проследена  без дијареа  или т.н. течни профузни столици, таа промена може да ја регулираме со давање на пробиотици и почесто доење . Столицата не треба да биде црна или со траги од крв , тогаш веднаш бебето треба да се однесе на педијатар и да се превземат сите потребни мерки.

Ако родителите проценат  дека бебето има пролив, тоа означува дека столиците се бројните и профузни. Контрола од страна на педијатарот мора да биде направена и да се види дали е настанал губиток  на  течности и нормално на електролити а тоа по секако мора да биде субституирано поради фактот  дека дехидрација е погубна  за кревкиот организам.

Појавата на дијареа кај новороденче е апсолутна причина да се однесе  бебето на педијатар. Само педијатар може да се изврши целосна инспекција. Родителите не треба да извршуваат преглед, но треба да ги забележат  следниве моменти : дали бебето прима редовен оброк или одбива,дали бебето е со  добро расположение или е апатично и уморено, дали има треска?

Родителите секако мора да се јават на педијатарот но ако е можно, во нормален ритам да продолжат со доење и да нудат чај за бебиња на бебенцето дур да отидат кај педијатарот.Друго не смее да се превземе без препорака на педијатарот. Со педијатрискиот  преглед ќе се утврди општата состојба на бебето и степенот на дехидрација. Во прилог на клиничките  симптоми ќе се изврши мерење на телесната тежина, која при секоја сериозна дијареа обично е во значителен пад. Неопходно е да се  направи  биохемиска анализа, електролитен статус  (натриум, калиум, киселоста на внатрешната средина) се со цел да се утврди и процени дали бебето треба да  продолжи да се третираат во болница, или ќе биде на домашно лекувањето. Причини за прием се: малаксаност, умерена или тешка дехидратација со значително променети биохемиска анализи, како и појава на фебрилност- треска. Ако бебето е полесно дехидрирано, анализите се во рамките на нормалните граници ќе се продолжи со домашно лекување – што значи, рехидрација со  редовни оброци (доење  или вештачко млеко) ,давање на препарати  кои содржат минерали и шеќер во соодветни количини ,задолжителна употреба на  пробиотик, исто така треба да се провери постоење на депозитиод Candida присутни во устата кои со помош на газа натопена со соодветен антифунгицид ( Канастен, Нистатин ) ќе биде исчистена. При продолжена перзистенција на дијареата се даваат соодветни препарати во вид на сирупи за сопирање на процесот на дијареа но тоа да биде контролирано и внимателно. Вообичаено нормалната  прогресија е 150-250 грама неделно или 500 до 1000 грама во текот на првиот месец од животот. Намалената  прогресија во телесната тежина  јасно покажува дека таа дијареа има хроницитет и треба да се изврши специфична дијагноза и соодветен третман. Иако алергија кај новородененечка  возраст е  ретка,педијатарот сепак  во исхраната треба да воведе посебен вид на млеко. Особена внимателност при инфективна дијареа  која е почеста во летните месеци.Најчесто се пренесува само од други луѓекои се во контакт со бебето , па и ако хигиенски мерки не се доволни. Тогаш од суштинско значење за да се усогласат сите стандарди и мерки за сопирање на оваа опасна појава  ќе мора да се пристапи кон тотално запазување на хигиенските мерки.Често миење на рацете пред да се пристапи до бебето, целата опрема (шишиња, ќебиња, облека, играчки, итн) треба да се  чисти,одржување на максимална хигиена. Не се препорачува присуство на големи собири,поради тоа што  тешко може  да се контролираат  сите контакти со бебето.

 

Особено ја нагласуваме  важноста на хигиената, внимание на контактот со братчето или сестричето кои имаат дијареа тогаш се ограничува тој контакт со бебето. Возрасните исто така доколку се со дијареа нивниот контакт се ограничува и се дава до знаење да обрнат големо внимание пред да имаат контакт со бебето. Најчестите ситуација е кога мајката мора да  продолжи да дои, но и со строги хигиенски мерки (миење на рацете, почесто капење, маска за устата и носот). Доколку се спроведат овие мерки, можноста дека бебето ќе  добие инфективна дијареа е минимална. Родители внимавајте на вашите најмили во овој летен период а само вашиот внимателен однос кон бебето е чекор до неговото тотално здравје, педијатрите се секогаш тука за да ви помогнат со совет и со давање насоки.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Поврзани статии

Back to top button