ЖивотУбави совети

Со какви мажи не се планира иднина?

Ако сакате вашата врска да успее, мора да останете доследни на себе и да ги зачувате своите ставови. Компромисот е услов за среќен емотивен однос, но не смеете да си дозволите да се изгубите себеси, особено ако вашиот партнер го бара тоа од вас!

Ако партнерот ве замоли да го смените вашиот изглед, работа, хоби или некоја друга навика, тоа е знак дека тој не е за вас. Оти, љубовна врска треба да се гради на многу подлабоки темели. Нема место за површност во љубовта, а личноста со која се забавувате треба да ве сака онакви кави што навистина сте. Значи, постојат некои работи кои не треба да ги менувате само затоа што вашиот партнер има желба да се промените:

  • Да ја жртвувате кариерата
  • Да го промените друштвото
  • Да бидете на диета или да јадете повеќе оти тој така повеќе би ве сакал
  • Да си го менувате темпераментот и карактерот на сила
  • Да се откажете од своето хоби

Врската помеѓу две лица се базира на доверба, поддршка и прифаќање. Ако вашиот живот не му одговара на вашиот партнер и тој инсистира на промени, тој едноставно не е подготвен да ве сака безусловно, и тоа во никој случај не значи дека тој е лицето со кое треба да планирате иднина.

Поврзани статии

Back to top button