ЖивотУбави совети

Предупредување до сите хороскопски знаци: Грижете се добро за себе на овие четири датуми во декември

Според астролозите, во последниот месец од оваа година ќе дојдат до израз четири предизвикувачки датуми за секој знак од хороскопот. Во тие денови посебно внимание треба да се посвети на пристапот кон проблемите, луѓето и изнаоѓањето добри решенија. Исто така, треба да бидете особено внимателни со вашите реакции на други луѓе и ситуации.

Ова се четирите датуми:

6 декември – Меркур влегува во знакот Јарец
Меркур во Јарец ги мотивира луѓето на тајност. Затоа, од тој датум до крајот на годината, можете да очекувате помала продуктивност на работа.Покрај тоа, елементот Земја ќе има лошо влијание врз протокот на информации, па затоа внимавајте на озборувања и гласини во тој период, особено на 6 декември.

10 декември – Венера влегува во знакот Јарец
По Меркур и Венера влегува во знакот Јарец поради што многумина ќе се чувствуваат полошо, а деновите до крајот на годината ќе изгледаат некако потешки. Бидете особено внимателни на самиот 10-ти декември, бидејќи ќе биде одбележан со поизразена алчност на луѓето, себичност и некаков немир кој ќе го замени претходното чувство на смиреност.

21 декември – зимска рамноденица
Зимската краткоденица со себе ќе донесе одредена нервоза. Сонцето ќе и отстапи доминација на Месечината, а Месечината што опаѓа ќе биде во знакот на Стрелец тој ден. Таквата положба многу негативно влијае на енергијата на Месечината, па денот ќе биде непредвидлив и тежок. Многу луѓе би можеле да се однесуваат агресивно и со недоверба.

29 декември – најопасниот ден во декември
Тој ден ќе одбележи два важни настани одеднаш. Првиот е почеток на ретроградното движење на Меркур, кој веќе е во неповолна положба на Јарецот, па може да има повеќе проблеми од вообичаено. Затоа, внимавајте како разговарате со непознати и не спомнувајте никому што планирате во 2023 година.

Друг важен настан е тоа што на 29 декември Меркур и Венера ќе бидат во врска еден со друг. Во тој период треба да се воздржите од каква било агресија и бескрајно размислување за минатото. На тој ден луѓето можат да станат поодмаздољубиви, негативни и непредвидливи. Затоа е подобро да бидете внимателни и да се воздржувате од конфликти.

Поврзани статии

Back to top button