ЖивотУбави совети

Тест: Дали стресот му се заканува на вашиот организам?

Секојдневните оптоварувања претставуваат стрес за вашиот организам. Кога траат подолго време, организмот ги исцрпува своите одбранбени способности и почнуваат да се јавуваат психички пречки и проблеми во работата на одделни органи. Многу е важно да се препознаат симптомите на стресот и навреме да се дејствува. Одговорете на следниве прашања за да знаете дали стресот почнал да му се заканува на вашиот организам.

  1. Дали сте често вознемирени без вистинска причина?
  2. Дали ве обземаат разни стравови?
  3. Дали ве обзема чувство на тегобност?
  4. Дали сте раздразливи?
  5. Дали во последно време тешко се концентрирате?
  6. Дали забележувате засилено потење?
  7. Дали повремено имате забрзан пулс?
  8. Дали ве мачи желудникот?
  9. Дали заспивате тешко или можеби имате проблеми со сонот?
  10. Дали се будите изморени и исцрпени?

Ако на повеќето прашања сте одговориле потврдно, стресот станал дел од вашиот живот. Но, не дозволувајте и на стресната ситуација да ве скрши. Научете да го избегнувате и контролирате стресот пред да почне тој да ве контролира вас.

Научете и прифатете дека од секое зло има и поголемо зло.

Не плашете се од грешките што ги правите, туку поправајте ги.

Не смеете да му робувате на успехот по секоја цена, најдете уште некоја смисла и мотив за живеење.

Занимавајте се со спорт.

Натерајте се да одвоите време за пауза што ќе биде исполнета само со убави мисли.

Обликувајте се себе си според сопствените желби, а не според желбите и очекувањата на другите.

Запознајте се себе си, својот биоритам, и користете ги функционално своите подеми и падови на енергијата.

Кога сте на работ на паника, само запрете и вдишете длабоко. Така моментално ќе ја разградите натрупаната напнатост.

Поврзани статии

Back to top button