Убави книги и филмови

Предлог книги за убав ден!

За денес одбравме три книги со супер интересни содржини, книги кои вредат да бидат дел од вашата домашна библиотека!

Град на чудовишта (Ренсом Ригс) 3 септември 1940 година. Десет необични деца бегаат од армија смртоносни чудовишта. Единствената личност што може да им помогне е заглавена во тело на птица. Неверојатното патување што започна во “Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин“ продолжува со Џејкоб и неговите нови пријатели и со нивното патување во Лондон, центарот на необичност. Се надеваат дека таму ќе можат да пронајдат лек за нивната директорка, госпоѓицата Перегрин. Но, во градот кој е разурнат од војната, од секој агол ѕиркаат ужасни изненадувања. А покрај борбата за да ги однесе своите пријатели на безбедно место, Џејкоб мора да донесе и важна одлука за својот однос со Ема Блум. Како и нејзиниот претходник, и оваа книга изобилува со возбудлива фантазија и со стари фотографии, кои создаваат едно уникатно читачко искуство.

Ајла и среќни засекогаш (Стефани Перкинс) Од блескавите улици на Менхетен до месечевите покриви на Париз, заљубувањето е лесно за безнадежниот сонувач Ajла и интроспективниот уметник Џош. Но, кога ќе ја започнат завршната година во Франција, Ајла и Џош брзо се принудени да се соочат со реалноста дека „среќни до крајот на животот“ не е секогаш реалност…

Чесни илузии (Нора Робертс) Главниот лик во овој роман, Максимилијан Нувел, е светски познат магионичар; а неговата преубава и тврдоглава ќерка Роксана, од татко и го наследила талентот но, и една многу необична наклонетост: двајцата се неверојатно вешти крадци на скапоцени камења. Дел од нивното семејство е и Лук Калахан, заносно момче кого Макс уште одамна го посвоил. Лук е измамник, осаменик, маж заради кој жените треперат, но и човекот кој ќе го освои срцето на Роксана – иако се наоѓаат во постојан судир, на крајот сфаќаат дека се лудо вљубени еден во друг. Меѓутоа Лук го прогонува стравот дека минатото ќе го доведе во опасност неговото ново семејство.

Поврзани статии

Back to top button