Убави книги и филмови

Филм за убав ден

Убав ден е оној кога ќе пронајдеме саат-два и ќе уживаме во некое маестрално филмско дело.

Денешниот избор за филм на денот падна на остварувањето од минатата година, “Florence Foster Jenkins“. Филмот е режисерско дело на Стефен Фриарс и е одличнo спакуванa биографска драма со комични елементи. Главните улоги ги толкуваат одличните Мерил Стрип и Хју Грант. Филмот имаше две оскаровски номинации.

Филмот ја раскажува приказната за една њујоршка богаташка која цел живот сонува да стане оперска пејачка и не дозволува ништо да ја попречи во тоа – дури ниту нејзиниот лош глас.

Филм кој ќе ви покаже дека треба да сонувате оти соништата се исполнуваат. Да не е така, зошто воопшто би сонувале?

Поврзани статии

Back to top button