Убави книги и филмови

Арс Ламина подарува книга!

И денеска, Арс Ламина ќе изненади еден наш читател или читателка со фантастично добра книга!

На полковникот нема кој да му пишува – Маркес

Новелата „На полковникот нема кој да му пишува“ од Габриел Гарсија Маркес е приказна за бедниот полковник и неговата астматична жена. Полковникот е ветеран од Војната од 1000 денови која се случила пред  повеќе од 20 години, а чија ветена пензија тој упорно ја чека.

Уште со првите реченици на новелата е прикажана крајната беда во која живеат полковникот и неговата жена. 
Утрото кога станува, полковникот вари кафе, но во кутијата останало само една лажица, па тој и го приготвува на жената, а неа ја лаже дека тој веќе го испил своето. Иако за нив нема ништо за јадење, полковникот му носи храна на петелот, му ја менува водата и со своето внимание кон него покажува дека петелот е единствената и најголемата вредност во куќата. Тоа бил навистина убав петел за борби, кој освен што им претставува надеж за егзистенција е исто така петел на нивниот загинат син. Оставен им е како аманет, како спомен, како поврзување со него. И полковникот без разлика на сè, не може да се оддели од него.
Новелета завршува без главните протагонисти да го најдат својот излез. Мрачната, влажна атмосфера, бедата, староста е во постојано траење без крај. Двајцата – полковникот и неговата жена се толку безначајни што дури авторот не им дал имиња. Минатите воени времиња, политиката, моменталните полициски часови во времето на „Насилство“, сето тоа ја надополнува ништожноста на животот. Но, без разлика на сè – тие не се предаваат, го сакаат животот, па дури на крајот полковникот ќе се почувствува возвишено – зашто веќе нема што да му се земе, нема што да даде, останат е само тој – горд што успеал да преживее, горд што може да и возврати на жената дека тој ќе продолжи и дека никој нема да го скрши, па дури ни гладта.

Поврзани статии

Back to top button