Од васУбави муабети

После многу години не сме среќни заедно!

Не сме среќни заедно. Со години се мачиме еден со друг, а никој од нас не е за тоа крив. Имаме различни погледи на животот, различни мисии, задоволства и приоритети. Одамна не го трошиме заедно секојдневието, а пак времето еден на друг си го потрошивме. Нема иднина за нас, колку и да е болно, тоа е суровата вистина. Ти си за на север, јас за на југ. Ти сакаш зима, јас мразам. Ти мразиш пролет, јас обожувам. Е вака за секоја банална и небанална работа нас ни е. Тоа што јас го сакам и ми причинува задоволство тебе не ти е тебе ич по ќеиф и обратно. Како да продолжиме понатаму? Ниту можеме, а веќе како и да не сакаме, желба да си угодуваме немаме. Толку многу години поминавме за на крај да сфатиме дека против сопствениот карактер е тешко да се оди. Мачно ми е кога правам работи само за твој ќеиф, ама ти премолчувам, да не те повредам, а душава од внатре ми пука. Исто и ти чувствуваш но, ти не секогаш умееш да премолчиш. Тешко е, тажно и болно е кога ќе се свртиме назад, но уште потешко е напред раздвоени да тргнеме, или пак заедно инаетливо да продолжиме и во немир, нервози и тага животот да го портошиме. Мислевме дека иако толку сме различни пак сме грнче и капаче, но само како најверни пријатели успешни може да сме. Оти како љубовници се уништивме, силата еден на друг си ја одземавме, енергијата си ја исцицавме и глава од недоразбирања не кренавме!

Поврзани статии

Back to top button