Од насУбави муабети

Посебна е љубовта кон внучето, само тетките тоа може да го разберат!

Да се биде тетка не е воопшто лесно и едноставно, но, нема поубаво нешто! Тетка е нешто повеќе од баба, од дедо, од стрина, од чичко и од вујко. Тетка е најсигурната порта за секое дете, со капии ширум отворени во секое време. Во оној момент кога внучето доаѓа на свет тетката станува најсилната личност на светот!

Не за џабе велат “Кога нешто не можеш да споделиш со мама се знае дека можеш со тета”. Со тетката се споделуваат сите маки, радости и желби. Во очите на внучето тетката е Супер Жена која може се. Тетката е најдобриот пријател што може да го има секое дете. Иако тетката има свој живот и свои обврски секогаш нејзиното внуче и е приоритет. Спремна е се да направи за насмевката на тоа мало суштество. Тетките кои немаат свои родени деца, внучињата ги љубат повеќе од што може да се претпостави. Тие се за нив се на светот. Тука се да подучат, да скараат, да удоволат, да разгалуваат, но, и да критикуваат. Да се спуштат на ниво на детето, да сослушаат и да го усмерат како да постапи во дадени ситуации. И кога им се спие и кога се затрупани со работа тие наоѓаат начин да бидат до нивното малечко, да играат игри, диското да го заменат со читање сликовници, кафето со пријателка да го испијат во ирготека за и внучето да ужива, наместо во теретана да вежбаат по паркчиња барабар со него. Можеби ќе ви звучи малку чудно но, вистинито е! Иако доаѓа време кога тетките ќе имаат и свои деца секогаш нивното внуче ќе биде нивната прва среќа. Поинаква е љубовта кон внучето, само тетките тоа може да го разберат. Па кога тие малечки внучиња ќе пораснат ќе разберат и они, ќе бидат благодарни, ќе ја советуваат тетката, ќе и помагаат и ќе уживаат во времето поминато со неа.

Дете со тетка е благословено дете!

Дете со тетка е среќно дете!

Дете со тетка е безгрижно дете! 

Поврзани статии

Back to top button