Од насУбави муабети
Поезија за убав ден
Есенско утро – Блаже Конески
Урнати селски гробишта,
ни крст – само влажни камари,
и над нив круша горничка –
на ветрот распната –
плаче со сите тајни дамари.
Темно и кално.
По штура скрка магли газат.
Зад нив
цапалки
вода наполнети
тунат во црвеницата.