Од васУбави муабети

Невремето во мојот свет си ти!

Ти, ти и само ти. Само ти умееш невреме во светов мој еден и единствен да донесеш. Гласно и еуфорично да се појавиш и молчејќи и неприметно да исчезнеш. Години и години за тебе непроспиени. Денови и месеци мислејќи на тебе поминати. Среќа на кратка патека, несреќа и тага на долга и мачна патека си ти. Туку што ќе помислам готово заврши се, ете си, пак одново и одново бура во срцево ми правиш. Па за миг ќе помислам се во ред дека е, се на свое место конечно си дојде и додека тренам ти ќе исчезнеш. Немам зборови со кои можам тебе да те опишам, толку мој а толку далечен. Толку отсатен а толку присутен. Толку добар а толку лош. Толку девојки ти поминаа, но толку и заминаа. Исто и кај мене, толку имав и толку немав. Бакнував а не љубев. Прегурнував а душа не давав. Ова нашево е само наше, за секој друг нелогично, за секој друг непривлечно. Наша бура, наша среќа! 

Поврзани статии

Back to top button