Од насУбави муабети

Како да препознаете човек со искрена душа?

Во животот ќе запознаеме многу луѓе. Колку од нив, навистина ќе бидат искрени и добри?

Во време кога искреноста е скапа работа, се поставува прашањето како да препознаеме човек кој е чесен и без злобна мисла?

Познатиот писател Фјодор Достоевски одамна го дал одговорот на ова прашања. Човекот се препознава по насмевката.

Но, насмевката треба да се анализира внимателно бидејќи има луѓе кои се смеат со злоба.

Искрената насмевка означува радост, а зар денес има радост кај луѓето и знаат ли да се веселат?

Да, навистина е потребно многу време додека целосно да запознаете еден човек, смета Достоевски, но насмевката секогаш го открива човекот во вистинско светло. Затоа, ако еден човек кој штотуку сте го запознале, ви се насмевне искрено со цело срце, верувајте дека има добра душа.

Само среќен човек може да биде весел и да ги зарази другите со насмевка и добрина.

Не ги набљудувајте луѓето додека молчат или разговараат ако сакате подобро да ги запознаете. Набљудувајте ги кога се смеат. Внимавајте на тоа како се смеат.

Ако добро се смеат, тие се добри луѓе.

Само погледнете ги децата: тие знаат да се смеат до совршенство затоа што имаат искрени души. И затоа толку многу ги сакаме.

Поврзани статии

Back to top button