Од насУбави муабети

Што мислат жените кога си кажуваат пред огледало Дебела сум

Многупати критикувањето на сопствениот изглед е само последица на негативните чувства кои жените ги чувствуваат за ред други работи кои ги мачат. Проверете ги причините:

Жените не се свесни дека зад кукањето за нивниот одраз во огледалото не се крие само незадоволството од физичкиот изглед.

Иако ретко ќе признаеме, но вистината е дека не секогаш мислиме дека сме исто толку грди и дебели како што всушност тоа го кажуваме.

Честопати имаме измешани емоции, а кога ќе се погледнеме во огледало си велиме: „Колку сум дебелa!“.

Колумнистката на Гардијан, Хали Фримен, открива што навистина мислат жените кога ја кажуваат таа реченица.

– Знаете како Ескимите наводно имаат 50 зборови за „снег“, па жените имаат милион значења за зборовите „Јас сум дебелa“. Значи, за да им помогнеме на сите, ова е конечниот список за тоа што може да значи реченицата „Колку сум дебелa!“.

Јас сум несреќнa.

Јас сум вознемиренa.

Се плашам.

Јас сум осаменa.

Мразам толку многу работи за себе, но засега, ќе се фокусирам на мојот стомак, добро?

Моето срце е скршено.

Досадно ми е.

Јас стареам и тоа толку многу ме плаши што немам намера да размислувам за тоа, па повеќе би сакалa да зборувам за моите дебели колкови и задник.

Сè уште не сум го исполнила мојот животен сон и затоа се сомневам во себе.

Бев во врска со човек кој ми ја уништи самодовербата.

Мојот живот толку многу се промени во последно време што чувствувам дека можам само да го контролирам своето тело.

Јадев и сега ми е тотално чудно бидејќи во спротивно не си дозволувам да се прејадам.

Тоа е изјава што ја слушнав и од мајка ми, па претпоставувам дека сите возрасни жени го велат тоа.

Се плашам од смртта и не можам да прифатам дека моето тело се менува и старее.

Не се ценам себеси и се потпирам на бројките на вагата за да ми кажат дали сум добро или не.

Се обидувам да ви кажам дека чувствувам некое или сите горенаведени чувства, но не сакам да звучам слабо, и општествено поприфатливо е жената да каже колку се чувствува дебела отколку дека е несреќна.

Поврзани статии

Back to top button