ЖивотУбави совети

Не правете сноб од вашето дете!

Прочитав негде нешто досетливо, нешто хумористично а бога ми и вистинито, гласи вака: „Подобро во училиштата да воведат основна култура отколку сексулано образование.“ Децата знаат дека не ги донел штркот, ама не знаат да кажат добар ден.

Образованието на децата започнува уште од најрана возраст, градинка, основно училиште, па средно училиште, факултет плус дополнителните активности. Секако, не е за потфрлување сето тоа, но како да не е доволно. како нешто да недостасува, како да застанало времето и како повеќе внимание да се обрнува на теорија наместо на пракса. Како да знаењето и вештините се најважната работа во денешницава. Секако се, при наоѓање на соодветна работа и слично. Но, има и нешто пред тоа. Џабе е и најплатената работа кога човек го нема она основното:  Култура.

Дојде време во кое се почесто се стретнуваме со некултурни ликови, почнувајќи од најмладо па до најстаро. Чест на исклучоци. 21-от век е доба на висока технологија, телефони, таблети, компјутери и лесно достапен е за сите интернетот. Па, родители, кога веќе им приуштувате на децата вакви направи мора да обрнете внимание за тие истите да бидат правилно искористени. отворете им на децата сајтови на кои ќе можат да прочитаат нешто повеќе за историја, за културата, за нешто корисно и здраво. Кога и вие самите ги користите сите тие направи барем на некој саат одвојте се од интернетот и социјалните мрежи, посветете се кон децата. Научете ги на основни работи, знаеме дека да користат интернет и мобилен знаат веќе на три годишна возраст. Научете ги дека кога влегуваат во продавница треба да поздрават, дека кога ќе сретнат познат повозрасен треба исто така да го поздрават, кога грешат дека треба да се извинат, кога бараат дека треба да замолат и да знаат дека треба да се заблагодарат кога некој нешто ќе им подари. Често воспитувачките во градинките, учителките и професорите ги обвинувате за некултурата на вашите деца, но во случајов вам ви припаѓа таа вина. Уште од најрана возраст и пред да тргнат во градинка вие сте тие кои ги чуваат и се грижат за нив. Не дека учителките немаат дел од вината но, тие што и да сторат ако нема подлога за култура од вас детето стекнато џабе ќе е. После работното време детето е со вас, гледа од вас и учи. Не е во ред да го замолчувате со скапи играчки само за на раат да се допишувате на социјалните мрежи. Научете го да разликува добро од лошо. Научете го културата секаде со себе да ја носи, каде било, кога било и во кое било време. Верувајте, и нему ќе му е полесно.

Покрај нив учете и вие. Не правете од детето сноб. Не правете материјалист. Поубаво ќе ви прилега да им пружите љубов, време и културно воспитување отколку скапа кола, парфем, часовник, чанта и сл. Уште еднаш, чест на исклучоци, а оние кои се двојат од нив нека се придружат. Бидете убав пример за децата, нека тие се огледаат на вас. Нека тие бидат нечиј пример како што вие сте биле за нив.

 

Поврзани статии

Back to top button