ЖивотУбави совети

Пробајте го највкусниот сос за тестенини!

Нема некој кој не знае да приготви шпагети или макарони. Но, доколку сосот не е вкусен, се пропаѓа во вода.

Затоа, пробајте го највкусниот сос за тестенини!

Потребни ви се: 400 гр. шпагети, 100 гр. сос од домати, 100 гр. рендано сирење, 2 главици сецкан бел лук, 1 рендан морков, сол, црн бибер, вегета, магдонос

Ставете ги шпагетите да се варат во солена вода. Настрана, подгответе го сосот. Запржете го лукот на врело масло, додајте ги доматите, пржете околу 5 минути, па додајте ја коцката за супа, вегетата, солта, биберот, магдоносот и морковот и пржете уште десетина минути. Доколку има потреба, додадете малку вода. Сосот треба да биде густ. Пилијте ги шпагетите со врелиот сос и добро измешајте. Одозгора ставете го сирењето. На здравје!

Поврзани статии

Back to top button