ЖивотУбави совети

Бадем колачиња – за оние кои внимаваат на килограмите или се на диета

Иако внимаваме на килограмите, се трудиме да се храниме здраво има денови кога навистина сакаме нешто благо и вкусно. За наша среќа постојат многу рецепти за здрави благи десерти, се што треба е малку време да поминеме во кујната и да подготвиме десерт кој ќе го јадеме без грижа на совест.

Потребно: 2 лажици какао, 1 шолја мелени бадеми, 3 лажици мед, 50гр темно чоколадо и 3 лажици кокосово масло.

Подготовка: Кокосовото масло растопете го на ниска температура, додадете ги смелените бадеми, какаото и медот и се заедно добро измешајте. Направете форми, правоаголници тенки и наредете ги на хартија за печење. Печете ги на 180 степени околу 10 минути. Откако ќе се изладат прелијте ги со растопено темно чоколадо. По желба може да додадете кршени бадеми или други јатки.

Поврзани статии

Back to top button