ЖивотУбави совети

Направете крем кој ќе ве спаси од целулитот!

Целулитот е најголемиот непријател на жените. Но, за среќа постојат многу начини како да се спасите од него, а еден од нив се и кремовите за затегнување на кожата и топење на целулитот. Наместо да давате многу пари на вакви препарати, направете домашен крем кој за многу кратко време ќе направи целулитот да исчезне!

Потребни ви се следниве состојки: 1 лажица желатин во прав, 50 мл. вода, 1 лажица мед, 50 мл. глицерин од аптека и една четвртина издробена таблета аспирин.

Помешајте ги сите состојки, па загрејте ја смесата на пареа околу пет минути додека состојките не се соединат. Откако смесата ќе се олади, изматете со миксер. Оладениот крем ставете го во чиста пластична кутија со капак и чувајте го во фрижидер најмногу до месец дена. Нанесувајте од овој крем два пати дневно со кружни движења на проблематичните места и за брзо време ќе забележите разлика.

Поврзани статии

Back to top button