ЖивотУбави совети

Недела – идеален ден да ја регенерирате сувата коса!

Доколку сте убедени дека само шампони и регенератоти од одреден бренд можат да ви обезбедат сјајна и бујна коса – се лажете! Ефикасните препарати можете да ги приготвите и сами.

За да направите домашен балсам, потребно е да соедините 60мл маслиново масло и 60мл гел од алое со по пет капки есенцијално масло од рузмарин и сандалово дрво.

Маслиновото масло ќе и обезбеди на косата мекост, алоето хидрантност, додека рузмаринот ќе ја направи погуста.

Регенераторот најпрво нанесете го на краевите на косата, кои воедно се и најсуви. Оставете го некое време да дејствува, а потоа измијте го со млака вода (никако со топла вода) за да не ги отстраните заштитните маснотии од кожата.

Избегнувајте употреба на фен, апарати за виткање или пегли за коса кои дополнително ја сушат косата!

Поврзани статии

Back to top button