ЖивотУбави совети

РОДЕНИ ВО ЧЕТВРТОК – КАКВИ ЛУЃЕ СЕ И ШТО ИМ НОСИ ЖИВОТОТ: Како да дојдете до големи пари, дали ќе имате добар брак

Што значи ако сте родени во четврток – многумина веруваат дека овие луѓе имаат навистина среќа! Ѕвездите велат дека луѓето родени во четврток се поврзани со планетата Јупитер – небесно тело кое носи среќа, просперитет и сила. Затоа се верува дека родените во четврток често имаат среќа. Но, покрај доблестите, тие имаат и свои маани и несигурности.

Луѓето родени во четврток никогаш не се плашат да испробуваат нови работи. Секогаш се подготвени за промени и имаат големи соништа. Имаат многу цели во различни аспекти од животот, но оптимизмот им помага да го постигнат она што го сакаат. Нивниот позитивен поглед на светот ги прави борци кои никогаш не се откажуваат.

Кариера и работа – Родените во четврток се лидери, секогаш добиваат почит и знаат да водат тим. Доброто кај овие луѓе е што знаат да најдат баланс помеѓу личниот и професионалниот живот. Маркетинг, политика, менаџмент, образование, консалтинг и продажба се најдобрите полиња за кариера за луѓето родени во четврток. Можно е во текот на животот да менуваат повеќе професии, бидејќи секогаш наоѓаат нови начини да заработат и да постигнат материјална сигурност. Тие можат да заработат многу пари, но и многу вложуваат во развојот на своето знаење и кариера.

Љубов – Секогаш пристапуваат со чисто срце. Тие се многу искрени, но понекогаш нивната искреност може да ги повреди чувствата на партнерот. Токму тоа често води до раскинување. Најмногу им се допаѓа партнер, кој тежнее кон патувања, авантури, додека тие не патат од љубомора. Тие се многу успешни во бракот, бидејќи кога ќе одлучат за нешто, знаат да се посветат на тоа. Големината на комуникациски вештини им помага да го решат секој проблем, но неволјите настануваат кога повеќе се посветуваат на материјални отколку на емоционални работи.

Здравје – Постои ризик од дебелеење, главоболки, стомачни проблеми.

Негативни особини – Можат да бидат тврдоглави и себични. Често сакаат сè да биде по нивно и понекогаш не отстапуваат од своите желби, без разлика колку е важно да се посветат на другите. Кога доаѓаат предизвикувачки денови, луѓето родени во четврток можат да заборават на важноста на благодарноста.

Поврзани статии

Back to top button