Мирисот на книга буди спокојство!
Нека овие книги ви го исполнат денот и нека ви дадат сила и верба во себе за среќна и спокојна иднина.
Ако не постои утре (Гијом Мисо) Таа е неговото минато. Тој е нејзината иднина. На истиот ден во исто време, ги отвораат вратите на овој ресторан и се упатуваат на истата маса. Сепак, нивните патишта никогаш нема да се вкрстат. Дали е тоа игра на лаги? Производ на имагинацијата? Манипулација? Фатени во форма на реалност што не може да се сфати.
Повторно откривање на животот (Ентони Де Мело) Не секоја книга има моќ вистински да ви го промени животот. Но токму оваа книга е од тие ретките моќни книги. Де Мело ви нуди нов светоглед што ќе ви го преобрази животот.
Одговорот (Алан и Барбара Пиз) Оваа книга ќе ви покаже дека се што умот може да замисли и во што може да верува телото има моќ да го оствари. Едноставно, запишете ги своите цели, определете крајни рокови и ќе видите како чудесно се отвораат патиштата за нивно остварување.