Која книга да ја прочитате овој викенд?
Добар викенд не поминува без добра книга. Еве кои се нашите предлог книги за овој викенд:
Мистериозен странец (Марк Твен) Оваа новела, со нагласена филозофска нишка, претставува сериозен социјален коментар адресиран до моралните чувства на проколнатата човечка раса. Твен, во ова провокативно дело, го негира провидението, душата, задгробниот живот, па дури и реалноста, како таква.
Долината на стравот (Артур Конан Дојл) Оваа книга е од оние книги што се читаат во еден здив, преполна со неочекувани заплети и пресврти. Нема да ви дозволи да се разделите до самиот крај.
Мостот на Дрина (Иво Андриќ) Андриќ е исклучително умешен писател кој успешно го комбинира фактографското и проверливото со светот на легендите и народните преданија, големите историски настани и секојдневните човечки драми, при што самиот чин на раскажување станува потрага по смисла и можен патоказ за човечката егзистенција. Оваа книга истовремено е и еден од најголемите книжевни споменици за животот на луѓето од просторите на Босна и Херцеговина.