Книги кои ќе ве освојат од првата страница!
Читајте книги и запознавајте нови ликови, светови и судбини!
Избравме три книги кои ќе ве освојат од првата страница и ќе ви биде тешко да ги оставите се до последната!
Алекс (Пјер Леметр) Во случаи со киднапирање, првите неколку часа се клучни. После тоа, малите шанси жртвата да се пронајде жива се претвораат во речиси непостоечки. И покрај тоа што прекрасната, силна и паметна Алекс Прево не е обична девојка, нејзиното време истекува. Таа е затворена, заробена во кафез кој виси на два метри од земја, изгладнета, претепана, оставена на милост и немилост на човекот кој сака да ја гледа како умира.
Фатални желби (Бруклин Хадсон) Жулиен и Ракел имаат прекрасен живот, но тој се претвора во кошмар после трагедијата ноќта на нивната деветта годишнина. Жулиен, ладен и резервиран поради трагично минато, но сепак лојален човек со златно срце, одлучува да почнат одново, да се преселат во мало мирно гратче и да му се вратат на нормалниот живот далеку од сите опасности. Но она што не го знае е дека во новата прекрасна планинска куќа ги чека нова опасност, кошмар пострашен од сите други.
Момчето во пижами на риги (Џон Бојн) Раскажана од перспектива на Бруно, оваа книга на моменти е смешна, на моменти детски наивна, на моменти искрена како што знае да биде само дете и постојано полна со надеж и пријателство. Патувајќи со Бруно, вие ќе мора да го напуштите неговиот удобен дом во Берлин и да се преселите во новата куќа, каде што неговиот татко, еден од командирите на Хитлер, има многу важна задача. Бруно ќе биде тажен, осамен и ќе нема со кого да си игра, па ќе Ве поведе на пат кон оградата зад која има „фарма“ полна со луѓе и деца во пижами на риги. Она што тој не го знае е дека фармата воопшто не е фарма, туку логор, и дека чадот од големите оџаци не е запалено ѓубре…