ЖивотУбави совети

Како да се забавува мачка која не сака играчки?

На мачките навистина им треба време за играње.

Освен што ја ублажува напнатоста и стресот кај мачката, таа преку играта го вежба својот ум, но и телото и станува посамоуверена кога е во прашање навигацијата во просторот. Покрај тоа што си играат со други мачки, повеќето домашни мачки уживаат да си играат со своите играчки.

Сепак, меѓу нив има исклучоци. Има мачки кои воопшто не се љубители на играчки. Прашањето е како да се забавува таква мачка? Всушност, повеќе од едноставно е со предлозите кои ви ги носиме во продолжение.

ДАДЕТЕ И КАРТОНСКА КУТИЈА

Непишано правило е дека мачките обожаваат картонски кутии. Освен што сакаат да спијат во нив, ги сметаат и за совршени „играчки“. Кутијата е идеално скривалиште, а мачката може да ги види сите нејзини предности и можности. Кога ќе и здодее една кутија, едноставно дајте и друга, поголема или помала од претходната.

ДАДЕТЕ И ХАРТИЕНА УКРАСНА КЕСА

Ако вашата мачка не се интересира многу за класичните играчки за мачки, понудете и нешто едноставно како хартиена кеса. Повеќето мачки ќе бидат љубопитни кога ќе ја видат оваа необична работа, која ја менува формата кога ќе посегнат со шепите и произведува необичен звук на шушкање. Освен што ќе се забавува, ќе ве насмее и кога ќе ја стави ќесата на глава и ќе се изгуби во просторот.

НАБАВЕТЕ МЕБЕЛ ЗА МАЧКИ

По ваш избор и во согласност со просторот што го имате во станот, можете да изберете столче за гребење на мачки, дрво или клупа. Повеќето мачкини дрвја ги комбинираат овие три работи и им обезбедуваат на мачките место за одмор, забава, истражување и секако гребење. Ако вашата мачка не е претерано љубител на играчки, ваквата куќичка сигурно ќе ја сака.

ОВОЗМОЖЕТЕ И ПОГЛЕД КОН НАДВОРЕШНИОТ СВЕТ

Ако вашата мачка останува исклучиво во куќата, совршена забава за неа би можело да биде место покрај прозорецот, каде што ќе може да лежи и да гледа птици, верверички и други животни. Можете едноставно да го продолжите прагот на прозорецот или да ставите полица до прозорецот за мачката да има каде да се свитка и да ја остави да ја гледа сцената што ја опкружува.

Поврзани статии

Back to top button