ЖивотУбави совети

Збогувајте се со акните!

Проблемот со акните е присутен во нашите животи, ако не постојано, барем во еден период од нашиот живот. Естетиката на кожата е многу важна за нас па постојано бараме соодветни решенија за чисто лице. Сепак, без оглед колку се корисни, козметичките препарати се со силни хемикалии кои ја сушат нашата кожа, па затоа имаме предлог за вас. Обидете се со методот на природно чистење. Ви треба само мед и зелен чај, и секако трпение.

Потребно е само секое утро да пиете зелен чај со една лажичка мед. Тоа ќе помогне  вашето тело да биде прочистено, ќе влијае на вашиот метаболизам и мастите од вашето тело ќе ги снема а со тоа ќе се смири кожата на вашето лице.

Филтер кесичката од чајот може да се користи како маска за лице: смесата од филтер торбичката се меша со мед – еден од најздравите работи кои природата ги нуди. Секоја вечер може да ја нанесете оваа маска на вашето лице да стои околу половина час а потоа да ја измиете со млака вода. Кожата ќе се храни и ќе се подмладува.

Зелениот чај се карактеризира со богати антиоксиданти кои помагаат да се омекне кожата и да се прочисти од слободните радикали. Медот, од друга страна, успешно го отстранува црвенилото, ја храни кожата и ги убива бактериите кои предизвикуваат акни.

По овој третман, хидратирајте ја кожата со крема. Бидејќи користите природни препарати, мора да имате трпение, бидејќи процесот е долготраен, но навистина е  ефикасен.

Поврзани статии

Back to top button