ЖивотУбави совети

Дерматологот на Ким, Бијонсе и Бекам открива десет правила за сјајна кожа!

Познатиот дерматолог д-р Харолд Ленсер, кој се грижи за кожата на Ким Кардашијан, Викторија Бекам и Бејонсе, откри 10 златни правила за сјајна и негувана кожа:

1. За време на спиењето, производството на колаген во нашата кожа се забрзува, па редовно и здраво спиење е многу важно.

2. Не се мијте во топла вода, бидејќи така ја сушите кожата. Се препорачува млака вода и за време на туширање.

3. За хигиената на кожата, важно е вашата перница секогаш да биде чиста. Променете ја навлаката најмалку 2 пати неделно, а за перење, одберете нежен детергент.

4. Бидете доследни во вашата убавина и редовно правете пилинг со кој ќе ги отстраните мртвите клетки од површината на вашата кожа.

5. Збогатете ја вашата исхрана со протеини, бидејќи тие се многу потребни за вашата кожа, коса и нокти.

6. Обидете се да го намалите внесот на шеќер и сол, бидејќи освен што ќе ги зголемите килограмите, ќе ја оштетите и кожата. Вишокот на сол избива на  површината на кожата, а тоа доведува до формирање на акни.

7. Не го допирајте лицето, бидејќи така ги поттикнувате црнките да се појават.

8. Редовно чистете го вашиот мобилен телефон со медицински алкохол, за да не пренесете голем број на бактерии на вашето лице.

9. Внесувајте многу вода во телото. Хидратација е клучот за убава кожа.

10. Додај во вашата исхрана краставица. Поради високиот процент на вода што ја содржи, таа е одлична за вашата кожа. Исто така, тркалцата од краставица можат да бидат спас за темните подочници.

Поврзани статии

Back to top button