Убави дестинации

Испланирајте бегство од градот!

За понеделникот да ви биде убав, почнете да го планирате викендот што доаѓа!

Викендите искористете ги квалитетно, максимално уживајте во нив и избегајте од гужвите на големиот град.

Ви предлагаме да го посетите најмалото тектонско езеро во Македонија. Се наоѓа на југоисточниот дел од земјата и зафаќа површина од 43,1 км2, Дојранското езеро. Западниот, поголемиот дел (27,3 км2), и припаѓа на Република Македонија, а источниот дел (15,8 км2) на Република Грција. Нивото на езерото е на надморска височина од 148м. Тое е плитко езеро со максимална длабочина од 10м. Бреговата линија е ниска и едноставна. Малата надморска височина, присуството на високи температури со медитерански влијанија и малата длабочина на езерото овозможуваат средна годишна температура на површинскиот слој на водата од 14,8 целзиусови степени, а летната максимална температура достигнува и до 25 целзиусови степени, што е многу погодно за туристички цели. Дојранското езеро е богато со плканктони, сино-зелени алги, 23 видови ракчиња и поголем број школки. Поради високата продукција на планктонот, дојранското езеро е богато со риби (околу 15 видови). Има ресторани, кафетерии и хотели со базени на плажа кои нудат одлична услуга и релаксација. Одовојте еден викенд и посетете го мирниот и убав наш Дојран!

За Дојран постојат многу легенди и преданија. Еве како оваа: Во местото каде што е денешен Дојран живеела една многу убава девојка, Дојрана. Неа ја забележал еден Османлиски бег и се заљубил во нејзе. Отишол кај нејзините родители и ја побарал за жена. Но, девојката не го сакала. Така, еден ден отишла да ги наполни стомните се вода од едно изворче. Но, тогаш Османлискиот бег (тој што бил заљубен во нејзе) ја забележал и потрчал по неа. Но, таа не го сакала и не сакала другите околу неа да имаат маки, па се фрлила во изворчето! Утредента изворчето се проширило, го поплавило целото место. Станало езеро. По името на девојката- Дојрана, езерото го добило своето име ’Дојран’. Сега на самото шеталиште покрај езерото има фонтана со убавата Дојрана.

 

Поврзани статии

Back to top button