Убави дестинации

Запознајте ја убавицата на Црна Гора

Нашата предлог дестинација за денес е приморскиот град во Црна Гора, Будва. Овој град е двигател на црногорскиот туризам со стотици илјади туристи годишно и е светски познат по убавите плажи, бурниот ноќен живот и уникатната архитектура.

Будванската ривиера ги има некои од најпознатите плажи на Јадранот како што се плажите Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Св.Стефан…

Плажите се приказна која мора да се доживее, а ако сте вљубени во тишината и спокојот кој го нуди Јадранот, тогаш рано наутро или доцна навечер упатете се на пливање… Во текот на денот, можете да уживате во вкусот на вашето омилено кафе во некој од баровите, да ручате во рестораните кои нудат богатство од вкусови, а навечер добро да се забавувате во дискотеките каде забавата трае до изгрејсонце.

Не заборавајте да го посетите стариот дел на Будва…

Околу неговото создавање постојат многу приказни и легенди. Историските извори велат дека овој дел од градот бил откриен од страна на старогрчки морнари и дека многу одамна тој бил само остров за подоцна да се сврзе со копното.

Доколку се одлучите да ја посетите Будва, не смеете да ги пропуштите црквите во стариот дел на градот. Првата е Св. Иван, изградена во VII век, втората е Св. Марија, од 840 година, и третата е Света Троица, изградена во 1804 година. Венецијанските ѕидови во стариот дел се позната туристичка атракција.

И се разбира, не смеете да го одминете островот Св. Стефан. Се наоѓа во непосредна близина на Будва и е едно од најелитните места на јадранскиот брег. Тука летуваат најпознтите, најбогатите. Имено, овој остров во минатото бил скромно место каде населениото претежно се занимавало со риболов и земјоделие, но кон крајот на осумдесеттите години на минатиот век овој остров ја доживува својата преобразба и станува едно од најлуксузните одморалишта во Европа.

Поврзани статии

Back to top button