Убави дестинации

Скриениот бисер на Егејското море

Последниве две-три години неколку грчки острови беа избегнувани од страна на туристите поради мигранстската криза и фактот дека низ нив поминуваа илјадници луѓе кои бегајќи од Сирија и Авганистан, среќата ја бараа на патот кон Европа.

Но, со оглед на тоа дека движењето на мигрантите последниве неколку месеци е намалено, време е да му дадете шанса на еден од овие острови и да дозволите да ве плени со својата неверојатна убавина.

https://www.instagram.com/p/BWueGeUBXrd/

Денеска, ве носиме на волшебниот грчки остров Самос кој се уште останува една скриена дестинација, а толку атрактивна поради недопрената природа, шармот на Медитеранот и традициите кои живеат тука.

Површината на островот е 468 километри. Самос е еден од најважните и плодни острови во Егејското Море. Од Мала Азија го дели само една 1 милја проток. Климата е типично медитеранска. На островот се одгледува тутун, мед, маслиново масло. Познат е по своето лозје, сушени смокви и бадеми. На овој остров со сигурност ќе уживате во традиционално мускатно вино.

https://www.instagram.com/p/BWmpcTnlafW/

За посебноста на овој остров сведочи и фактот што тој од 1992 година се наоѓа на листата од УНЕСКО како светско наследство.

На Самос, мора да го посетите Питагореио, град кој своето име го добил по славниот математичар Питагора и град кој ќе ве изненади со традицијата и архитектурата, културни споменици, таверни со вкусна храна и долги прекрасни плажи.

https://www.instagram.com/p/BWueGeUBXrd/

Посетете ја и плажата Потами на северниот брег. Наликува на егзотична плажа и ќе имате чувство како да сте на Хаваи или Малдиви. Во непосредна близина на плажата се наоѓа и водопад со кањон во чија глетка вреди да уживате.

https://www.instagram.com/p/BWW22D6gexq/

А, доколку сакате забава и луксуз, наша препорака е Потокаки плажата и малиот град Кокари. Овде забавите се случуваат 24/7, а коктелите се служат дење-ноќе.

https://www.instagram.com/p/BWuLs2SHKPU/

https://www.instagram.com/p/BWaeHiVDXwd/

https://www.instagram.com/p/BWpNixWjCQn/

Поврзани статии

Back to top button