Од насУбави муабети

За неа малку е зборот другарка, сестра ми е!

Често размислувајќи и не пронаоѓајќи решение или идеја за некоја работа, ете ја неа. Од нигде ќе и светне некое супер решение. Понекогаш си мислам дека таа е мојот ангел чувар, или дека токму она е она црното лошото ѓаволче на моето рамо. Во добро, во лошо таа тука е. Умее да сфати и да осети кога ми е потребно да седи до мене и да молчи. Знае да ме извади од најголемите каши. Да ми помогне и во најтешките моменти. Случајно да ме изнервира и во најсреќните денови. Таа знае да ми го качи притисокот со два реда муабет. Некогаш знам да сакам да ја истепам кога не се сака и цени сама себе. Знам да ја гушкам најискрено на свет. Знам да и бидам најверниот сојузник кога прави некоја беља. Знам да и бидам и мајка, а и татко. Сакам кога е мирна, од внатре мирана. Сакам кога е исполнета и задоволна. Сакам да сака и да биде сакана. На крај сакам да ви кажам дека иако не сме крвно поврзани јас и она се сакаме како сестри. Онака вистински.

Поврзани статии

Back to top button