Од насУбави муабети

Ако тоа е она што го сакате, тогаш нема прашања, бидете среќни!

Дали тоа го сакавте?
Еден ден во животот доаѓа моментот кога “само од себе” не функционира.

Треба да изгледате атрактивно, женствено, се чувствувате добро, имате задоволителна врска, работа која носи радост и приход. Супер! И ја откривате потребата за напор, и повеќе – јасен план и распоред.
Ако не обрнете внимание на некоја област во вашиот живот, таа паѓа.

Повеќе не успевате да изгледате одлично, ако цела ноќ сте пиеле, шетале и не знам што се сте правеле. И спиете и одите само за да дишете воздух, и изгледате како да сте пиеле цела ноќ и предходните два дена. Организмот одбива да работи како часовник ако не живеете според распоред.

Ако векторот на волја и намера не се примени, сè паѓа – ентропијата на универзумот.

Ако врската не се создаде, не и се посвети одредено време, или нема да ја биде, или ради реда ќе живеете како двајца странци…

Ако не се занимавате со децата, тие секако ќе пораснат, но како и во што? Ако не се развивате како личност, најверојатно нема да умрете, но ќе живеете деградирани и исфрустрирани.

Ако тоа е она што го сакате, тогаш нема прашања, бидете среќни. Но, ако завидувате на таа која на седумдесет нема бори, убава е, независна и со многу идеи за реализација, тоа не е зошто “така и се посреќило”, туку таа: “Вложила труд и добила се што замислила.” И да, таа има план и распоред.

Поврзани статии

Back to top button