ЖивотУбави совети

За многу врски крајот доаѓа поради една иста причина!

Оваа негативна емоција може да се дефинира како чувство на неодобрување по кое следи отфрлање и одвратност. Несогласувањето е нормална појава во врските, но кога тоа прераснува во презир, во никој случај не влијае добро брз врската или бракот. Ние не сме сите исти и не можеме сите да имаме ист начин на размислување, но проблем секогаш има – затоа што често пати сами го создаваме. Најлоши се оние проблеми кои се потискаат со текот на времето, наместо да се решат, се заобиколуваат. Таквите проблеми играат голема улога дали врската ќе продолжи на прав пат или ќе прерасне во пекол кој ќе мора да се прекине.

Оние парови кои не знаат добро да комуницираат и да ги решат заедничките проблеми во разговорите обично користат четири негативни напади како по шема исти: критикуваат, не сослушуваат, презираат и не му овозможуваат на партнерот да каже што мисли. Кога врската ќе западне во ваква фаза, полесно е да се разделат отколку да се сослушаат еден со друг и да се потрудат проблемот да го решат.

Она што е важно за секоја врска, се што треба да направат партнерите е да се справат со проблемите, да ги решат и да се сослушуваат еден со друг, без оглед на личното мислење.

Поврзани статии

Back to top button