КариераУбави совети

Имајте канцеларија од соништата!

На работното место, пет дена во неделата поминуваме по осум часа, а некогаш и повеќе. Од голема важност е вашето работно катче да биде пријатно место каде со задоволство ќе ги извршувате вашите работни обврски и ќе бидете креативни и ефикасни.

Иако можеби ќе ви делува дека за да имате тип-топ уредена канцеларија потребни ви се многу пари, ние ќе ви кажеме дека деталите се важни, како јагода на шлагот и не треба да потрошите цело богатство за вашата канцеларија да биде шик и убава.

Ви нудиме неколку интересни предлози за уредување и декорирање на вашата канцеларија и вашето работно биро.

Доколку ја сакате едноставноста и минимализмот, тогаш само украс или два кои се штосни ќе ви бидат доволни за да постигнете ефект на убаво уреден простор. Одберете цвеќе во впечатлива саксија или невообичаена склуптура.

Поиграјте си со златната боја која е секогаш актуелна. Само еден детаљ во оваа боја ќе и даде сосема нов лик на вашата канцеларија.

Одберете рамка со интересна слика или пак персонализиран натпис или постер кој на вашата канцелариска маса ќе и даде нов изглед и ќе зборува за вас и вашите ставови, а плус ќе ве мотивира.

Набавете си шарени кутии во кои ќе стојат сите ваши ситници како спојувалки, визтики, пенкала… Ем вашето биро ќе биде секогаш уредно, ем ќе биде убаво за око.

Ако вашата канцеларија има големи бели ѕидови кои се празни, декорирајте ги со уникатни постери, плакати, испринтани цитати од книги или цртежи од вашите деца.

Наместо класични метални чашки за моливи, ставете стаклени вазни и кугли кои ќе и дадат доза на елеганција на вашата работна маса.

Ставете го омиленото цвеќе на работната маса и создадете пријатна работна средина. Се разбира, одберете ја и најуникатната вазна која ќе ја разбие монотонијата на канцелариските маси преполни со хартии.

Во продолжение, уште неколку фотографии за инспирација. Декорирајте го вашиот рабоотен простор уште веднаш!

Поврзани статии

Back to top button