Убави книги и филмови

Дали ги читате книгите на Пам Џеноф?

Пам Џеноф е американска авторка, адвокатка и професорка по право. Таа има неколку огромни светски хитови. За вас денес одвоивме три супер интересни книги кои вредат да ги прочитате. 

Жената со сина ѕвезда (Пам Џеноф) 1942 година. Сејди Голт има осумнаесет години и живее со своите родители среде хоророт во гето во Краков за време на Втората светска војна. Кога нацистите влегуваат во гетото, Сејди и нејзината трудна мајка се принудени да побегнат во опасната канализација под тлото на градот. Еден ден, Сејди погледнува нагоре низ една од шахтите и здогледува девојка на нејзина возраст како купува цвеќиња. Ела Штепанек е девојка од богато полско семејство, која живее релативно мирен живот со својата маќеа, која пак е прилично блиска со окупаторите Германци. Отфрлена од своите пријатели и тажна по својот свршеник кој е заминат во војна, Ела неуморно талка низ Краков. Додека пазари, забележува како нешто се движи под една шахта на улицата. Кога погледнува малку подобро, сфаќа дека тоа е девојка која се крие долу. Ела почнува да ѝ помага на Сејди и тие две се зближуваат, но како што опасностите од војната се зголемуваат, така нивните животи сѐ повеќе тргнуваат во правец кој ќе ги стави на тест во невозможни околности. Инспирирана од вистински приказни, Жената со сина ѕвезда е страшно емотивна приказна за моќта на вистинското пријателство и исклучителната сила за преживување на човечката волја.

Вагон со сираци (Пам Џеноф) Моќна приказна за пријателството, која се одвива во циркус кој патува низ Европа за време на Втора светска војна. Вагонот со сираци ни ги раскажува приказните на две исклучителни жени, приказни за жртвување и преживување по секоја цена. Шеснаесетгодишната Ноа ја бркаат од дома откако останува трудна од германски војник и ја принудуваат да се откаже од бебето. Немајќи друг избор, таа живее во мала железничка станица, каде што работи како чистачка за да си го заслужи престојот. Кога Ноа наоѓа вагон со бебиња Еврејчиња товарени за патување до некој концентрационен логор, одеднаш се потсетува на детето што ѝ било одземено. Импулсивно грабнува едно од бебиња и бега во ноќта, и тој момент засекогаш ќе ѝ го промени текот на животот. Ноа наоѓа засолниште во германски циркус, но мора да научи да изведува точки на летечки трапез за да се вклопи и да не биде забележана од непријателот, а со ова ѝ боде око на главната акробатка, Астрид. Ноа и Астрид најпрво се ривалки, но набрзо се зближуваат како сестри. Меѓутоа, војната е премногу опасна за сите во циркус кој крие Евреи, па Ноа и Астрид мора да решат дали нивното пријателство ќе биде доволно за да ги спаси – или тајните што горат помеѓу нив ќе уништат сè.

Изгубените девојки во Париз (Пам Џеноф) 1946, Менхетен Грејс Хејли се обидува одново да го изгради својот живот откако го губи сопругот во војната. Едно утро, додека поминува низ железничката Гранд Централ одејќи на работа, таа наоѓа напуштен куфер пикнат под една од клупите на терминалот. Не можејќи да одолее на љубопитноста, Грејс го отвора куферот и внатре наоѓа десетина фотографии – секоја од нив од различна млада жена. Импулсивно, ги зема фотографиите и брзо заминува од железничката. Грејс набрзо дознава дека куферот припаѓал на Еленор Триг, лидерка на група женски тајни агенти кои биле испратени надвор од Лондон за време на војната. Дванаесет од овие жени биле пратени во Окупирана Европа како радио операторки за да помагаат во отпорот, но тие никогаш не се вратиле дома и нивните судбини останале мистерија. Решавајќи да ја дознае вистината, Грејс посебно ја влече младата мајка Мари која била таен агент во Париз и чија опасна мисија раскажува уникатна приказна за пријателството, војната и предавствата.

 

 

Поврзани статии

Back to top button