Живот

Грешката која сите жени ја прават кога ќе почувствуваат дека партнерот се дистанцира може да е пресудна!

Колку пати во врската се случило мажот да го промени однесувањето по одреден период? Можеби повеќе не ви праќа пораки во голем број, или неговите повици се поретки, веќе не е романтичен како порано? Некои престануваат да се трудат а некои веќе “немаат” многу време за партнерката. И што тогаш? Често причината не е опиплива, или едноставно се разликува од маж до маж, но едно е сигурно – жените се однесуваат погрешно кога тоа се случува.

Реакцијата на жената често резултира со уште поголемо нарушување, растојание или крај на врската.

Членовите на понежниот пол генерално почнува да ги фаќа паника, се грижат и стравуваат од можно губење на својот партнер, па наместо да ги остават работите сами да се одвиваат тие се впуштаат во акција да го најдат коренот на проблемот и премногу истражуваат.

Женската тензија, безнадежност и паранојата уште повеќе ја влошуваат ситуацијата и создаваат напнатост, и токму таа напната ситуација ги охрабрува мажите да се дистанцираат.

Можеби во прашање е големиот стерс на работа што го доживува или приватни проблеми, но жените кои паничат често испраќаат пораки во кои прашуваат што не е во ред, зошто се променил, до кога така ќе се однесува и со тоа прават партнерот да се чувствува напнато и заробено.

Секоја личност има кризни моменти, моменти кога сака да биде малку сама, не е тоа ништо стршно. Не значи крај ако не ви прати порака цедли 5 часа. Оставете го да ја разбистри главата, за тоа време работете и дружете се со пријателите, оти дишејќи му во врат само можете да го изгубите.

Поврзани статии

Back to top button