ЖивотУбави совети

Во што се разликуваат аналгетиците еден од друг?

Без разлика на тоа за каков вид на болка станува збор, сте се трудиме што побрзо да се ослободиме од неа. Често пати го земаме првиот аналгетик што ни е при рака, а ги купуваме претежно по навика. Сепак, треба да знаете во што се разликуваат аналгетиците еден од друг и зошто некои помагаат повеќе и побрзо од други.

Парацетамолот има аналгетично дејство (против болки) и антипиретично дејство (против покачена телесна температура). Многу често се користи бидејќи добро се поднесува, особено во случаи кога е контраиндицирано да се употребува аспирин. Сепак, на лицата кои прележале инфективна жолтица (хепатитис) им се препорачува да бидат внимателни, затоа што парацетамолот понекогаш, иако ретко, може да биде штетен за црниот дроб.

Ибупрофенот го носи комерцијалното име Бруфен. Се користи како аналгетик и антипиретик, но секогаш треба да се зема во помала доза. Има исти несакани појави како аспиринот, освен што не влијае на згрутчување на крвта. Се користи во текот на менструација, во случај на болки во зглобовите, но, не им се препорачува на лица кои земаат лекови против згрутчување на крвта.

Аспиринот во поголеми дози дејствува против воспаление, но, се порнесува многу послабо. Дејството на 500мг аспирин трае 24 часа. Луѓето кои боледуваат од чир на желудник или од гастритис треба да избегнуваат да земаат аспирин, како и жените во текот на менструалниот циклус. Бремените жени особено по шестиот месец на бременоста не смеат да користат аспирин. Луѓе кои имаат проблеми со астма, или со намалена функција на работата на бубрезите и гихт исто така не е дозволено да земаат аспирини на своја рака.

Поврзани статии

Back to top button