ЖивотУбави совети

Бричењето предизвикува побрз раст на влакната: Мит или вистина?

Дали бричењето предизвикува побрз раст на влакната, се обидуваме да дознаеме подолу.

Кога станува збор за бричење како метод на депилација, многумина ги имаат истите прашања. Дали бричењето е безбедно? Дали предизвикува потемнување и задебелување на влакната? Дали влијае и на побрз раст? Пред да се одлучите за овој тип на отстранување на влакна, ви претставуваме научни факти.

Бричење – мит 1
Бричењето за повеќето луѓе е првиот избор кога станува збор за депилација, бидејќи е едноставно, безболно и доста прифатливо кога е цената во прашање. Сепак, некои жени го избегнуваат овој метод на отстранување на влакна поради многуте митови во кои веруваме.

Една од невистините во која повеќето од нас веруваат е дека бричењето предизвикува хиперпигментација. Но, тоа е далеку од вистината. Потемната боја на кожата во областите што ги бричиме е предизвикана од иритација предизвикана од агресивен метод на отстранување на влакна. И како да се избегне ова?

Пред бричење, капете се во топла купка за да ја опуштите кожата.
Направете пилинг од областа што ја бричите за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.
Секогаш нанесувајте подебел слој пена или сапун, за да спречите исеченици.
Отстранете ги влакната во насоката во која растат за да ја минимизирате иритацијата.
Не заборавајте да ја негувате кожата по бричење, со хранлив лосион или крем.
Не користете производи на база на алкохол или парфеми.
Не се бричете повеќе од еднаш дневно.
Чувајте го бричот на чисто и суво место за да спречите акумулација на бактерии.
Дали бричењето предизвикува побрз раст?
Според дерматолозите, структурата на влакната е одредена од нашата физиологија и генетика. И ништо не може суштински да го промени тоа, дури ни бричењето. Затоа, овој метод на отстранување на влакна не влијае на побрз раст. Стапката на раст, бојата и дебелината се под влијание на гените, а не на бричењето.

Поврзани статии

Back to top button