ЖивотУбави совети

Ве мачат болни синуси?

Ако имате бактериски воспаление на синусите, лекарот ќе ви препише соодветен антибиотик. Во спротивно, не трчајте веднаш во аптека кога синусите ќе ви отечат, бидејќи постојат бројни природни начини да си помогнете.

Овозможете им на своите затнати синуси третман над пареа со ментол. Ставете во врела вода неколку капки еукалиптус. наведнете ја главата над садот и прекријте ја со крпа. Држете го лицето околу 40цм над водата и длабоко дишете низ носот.

Испарувањата ќе ви внесат во синусите ситни капки масло – и ќе го омекнат секретот. Правете ја оваа постапка онолку колку што ви одговара пати.

Друг метод за омекнујвање на слузта и ублажување на отокот е испирање на синусите со солен раствот.

Можете да го подготвите така што во два децилитра топла вода ќе разматите третина лажичка сол и прстофат сода бикарбона. Потоа ставете го растворот во шприц, затворете ја едната страна на носот со прстот и наведнете ја главата наназад. Нежно испразнете го носот па истата постапка направете ја и на другата страна.

Поврзани статии

Back to top button