ЖивотУбави совети

Како да ги избегнете и да ги лекувате изгорениците од сонце

Доколку не ги преземеме соодветни мерки за заштита, сончањето може да се претвори во кошмар. Кога кожата почнува да гори и црвенее, станува болна и затегната, непријатноста може да биде многу ублажена со примена на едноставни рецепти за изгореници од сонце.

Најпрво, важно е да делувате превентивно. Половина час пред да излезете од домот убаво, рамномерно намачкајте го телото и лицето со крема или млеко со заштитен фактор.

Избегнувајте да седите или пешачите на сонце од 11 до 16 часот.

Ако сакате да постигнете целосна заштита од УВА и УВБ зраците, изберете крем што содржи цинк оксид, титаниум диоксид или авобензен.

Треба да знаете дека потемна облека ги привлекува и полесно ги пропушта сончевите зраци за разлика од светлите лесни ткаенини.

Луѓето кои еднаш доживеале изгореници од сончање не треба да ја повторуваат истата грешка, барем не наскоро затоа што на епидермисот му требаат три до шест месеци за да се регенерира. Кога ќе се олупи горниот слој на кожата, новите слоеви на дермисот се многу почувствителни. Ова значи дека младата, розова кожа ќе изгори многу побрзо ако не е заштитена.

Сонот е исто така многу важен, гледајте да спиете барем 6 часа.

Внатрешната хидрација е задолжителна, пијте најмалку 2л вода дневно.

Иритациите и воспаленијата на кожата најдобро можат да се третираат со тематски лосиони, спрејови или масти кои содржат 1% хидрокортизон.

Алоето се повеќе се користи во медицината бидејќи ефикасно ја регенерира кожата и помага при зацелување на раните. Пред да го нанесете било кој производ базиран на алое, не заборавајте да ја тестирате чувствителноста на производот.

За ублажување на болката, чешањето и затегнатоста на кожата во водата во бањата истурете:

Оцет, по можност бел, јаболков оцет (истурете 1 чаша во када исполнета со ладна вода).
Сода бикарбона која треба да се раствори во млака вода ефикасно ја ублажува болката.

Намачкајте јогурт директно на изгорените делови од телото. Откако ќе се исуши, исплакнете го од кожата со чиста ладна вода.

Користете кесички од чај ако имате изгореници на очните капаци. Пред да ги ставите на очите, треба да се натопат во ладна вода. Кесичките од чајот сигурно ќе го намалат отокот и ќе ја ублажат болката.

Поврзани статии

Back to top button