ЖивотУбави совети

Ајде да го спакуваме вкусот на пита со јаболка и афион во тегла!

Не треба да се откажеме од некои вкусови доколку одлучиме да се храниме здраво. Овој пат ќе го спакуваме вкусот на пита со јаболка и афион во тегла. Можеби звучи глупаво, но ајде да веруваме дека не е. Ако ви е здосадено од стандардните вкусови за појадок, овој рецепт е токму за вас. Потребни состојки: 1 поголемо јаболко, 2 супени лажици афион, 2 лажички чиа семе, 1 лажичка лен, 1 лажица сецкани бадеми, 3-4 суви сливи, 1 лажица мед и 1/3 лажичка цимет.

Излупете го јаболкото, исечете го на коцки и нека зоврие во вода на тивок оган. Кога е сварено испасирајте го заедно со 200 ml течност од готвењето. Вратете го на тивок оган, а потоа додадете афион, лен, чиа семе, цимет и мед. Се меша кратко додека состојките не се соединат, а потоа нека се излади. Непосредно пред консумирање, декорирајте со бадеми и суви сливи. Во прилог на овие состојки, можете да додадете ореви, суви урми или грозје. Овој оброк е идеален за подготовка однапред, може да остане преку ноќ, така што имате подготвен појадок и причина да не станете рано.

Поврзани статии

Back to top button