ЖивотУбави совети

Рецепт за вкусни профитероли!

Викендот нека биде интересен, релаксиран и сладок. Направете вкусен десет во кој ќе ужива целото семејство. 

Подгответе: за профитеролите – 125гр пченично брашно, 1,25дл вода, 50гр маргарин, 2 јајца, малку прашок за печиво. За филот: 2,5 дл слатка павлака (1 чаша), 1/2 лажица charry. За преливот: 100 гр бело и 100гр црно чоколадо плус малку путер.

За тестото сварете го маргаринот во вода, па во врелата течност, која сте ја тргнале од шпоретот додадете го брашното и мешајте се додека не добиете глатка смеса. Загревајте го околу една минута , постојано мешајќи. Преместете го тестото во друг сад додадете две јајца и промешајте. Во оладеното тесто вмешајте го прашокот за печиво. Со шприц со ѕвездест отвор (доколку немате, помогнете си со две лажичиња) ишприцајте на плех, обложен со мрсна хартија, мали купчиња од тесто. Печете ги околу 20 минути во загреана рерна на 200/220 степени. Оставете ги да се оладат. Во меѓувреме добро измешајте ја слатката павлака во која го имате додадено charry-то. На дното на добро изладените профитероли издупчете мала дупка и со помош на шприц од мал отвор вметнете го филот. За преливот стопете ги двата вида чоколади со малку путер. Со помош на вилушка потопете ги едно по едно профитеролите во чоколадото и оставете ги на решетка да се исцедат.

 

Поврзани статии

Back to top button