ЖивотУбави совети

За погусти трепки и веѓи – рицинусово масло!

Ако сакате да имате подебели веѓи и трепки:

Ладно цеденото рицинусово масло е масло кое треба да го имате во домот.

Како да го користите рицинусовото масло?
На чисто лице, потребно е да се нанесе рицинусово масло на веѓите во тенок слој и со помош на тенка четка по трепките. Бидејќи рицинусовото масло е многу густо, можете да го промешате со вазелин, алое вера или глицерин по желба, со цел да се избегне леплива конзистентност.

РЕЦЕПТ:
1 лажичка рицинусово масло

1/2 лажиче вазелин


Измешајте ги состојките во мал сад и кога ќе добиете хомогена смеса нанесете ги на веѓите и трепките со помош на четка или чепкалка. Оставете да делува преку ноќ и исплакнете го следниот ден. Можете да ја применувате постапката секоја вечер и да ги следите резултатите кои навистина ќе ве радуваат.

Поврзани статии

Back to top button