Од насУбави муабети

Биди КУЛ невеста!

Ти си среќна и задоволна. Тоа е твој ден и ти ќе уживаш во него. Сите очи ќе бидат вперени во тебе, и тоа е баш супер. Од огромна количина на среќа ќе мислиш дека може да леташ. И, треба. Летај! Но, немој високо.

Биди насмеана и културна, дури и кога луѓето ќе ти додеваат и ќе те замараат. Кога децата ќе застанат покрај тебе, насмевни им се. Тоа ќе им биде вистинско доживување. Сите луѓе на свадбата дошле да те испочитуваат тебе, твојот младоженец и родителите. Па, испочитувај ги и ти нив.

Немој да бидеш нервозна ако не е се онака како што си замислувала и планирала. Не е важно! Биди среќна. Уживај во тоа што го имаш.

Од моментот кога ќе ја напуштите куќата Ти си главна! Сите ќе гледаат во тебе и во младоженецот (повеќе во тебе). Но, немој да го очекуваш тоа внимание целиот ден.

Не привлекувај дополнително внимание. Оти ќе делуваш нападно, а тоа на никој нема да му одговра. Биди непосредна и спонатна. Немој да бидеш недостижна за комуникација и за танц. Немој да ја запаметат и зборуаат твојата свадба како свадба со арогнтна и нервозна невеста. Па кој сака такви младенци? Никој, сигурно ни ти.

Не постои правило кое вели дека ти и младоженецот треба да бидете цело време заедно, да бидете вечерта неразделни. Одвојте се малку. Забавувај се и танцувај со гостите, тие се таму само поради тебе.

Ако си личност која не обожава внимание, прегратки и бакнежи ќе мораш да издржиш неколку часа. Од кога ќе започне забавата луѓето ќе го тргнат погледот од тебе и ќе се забавуваат. (малкумина и ќе гледаат без престан во тебе и ќе го пратат секој твој чекор, но ти ќе издржиш машки 🙂 )

Биди опуштена, пријатна и природна. Никако не смееш да бидеш извештчена и да глумиш. Најважно е да бидеш своја и на тој твој голем ден. Тој ден навистина е голем, но по тоа што ти сега ќе станеш госпоѓа и можеби ќе го промениш презимето. Така нека те помнат, а не по променетото однесување.

Уживај во својот ден, и не дозволувај ситници да ти го расипат расположението затоа што тој ден е денот кој ќе го паметиш засекогаш!

Поврзани статии

Back to top button