Од насУбави муабети

“Кој знае со кога ја минала ноќта чим и од очите и зрачи насмевка”…

Луѓето во денешно време повеќе ги интересира туѓиот живот од својот. Водат сметка за туѓите солзи и насмевки повеќе отколку за своите. Како на лист да ги запишуваат со цртки сите мои насмеви, па потоа се собираат и во друштво ги анализираат и го бараат виновникот. Живеат свој живот, јадат свој леб, но туѓо гајле берат.

Тој жален факт ми е голема мотивација да бидам потојано насмеана, да им задавам загатки кои не лесно ќе умеат да ги одгатнат. “После толкава мака таа сега е насмеана”, “Кој знае со кога ја минала ноќта чим и од очите и зрачи насмевка”, “Оваа жена како да нема проблеми, постојано е позитивна”, “Зар не и е срам после таа галама да излезе од дома насмеана и со гордо крената глава”, “Како да нема ум девојкава, во ова сивило таа создава светлина…што и е?”, “Оној нејзинион си замина ја остави а таа се смее постојано како недоделкана”, “Инкасантите и дојдоа на врата, имала неплатена сметка а со насмевка ги замоли да не ја исклучат”…

Постојано народот се измачува и троши драгоцено време со вакви прашања, хаос во глава од туѓи животи си создаваат а потоа се прашуваат зошто се несреќни или зошто годините им летнале а тие за себе ништо не сториле. Жално и болно до срж, не велам не. Но во нивни инает јас ќе се трудам да бидам среќна, да создавам, да учам, да се надградувам, да другарувам, помагам и да се радувам и тогаш кога кнедла во грлото ќе ми стои и солзи во очите ќе ми пливаат!

Поврзани статии

Back to top button