Убави книги и филмови

Арс Ламина НАГРАДУВА!

И денеска, Арс Ламина ќе изненади еден наш читател или читателка со фантастично добра книга!

Времето на жените 

Привидно едноставна приказна за нетипичното израснување на едно навидум немо девојче – чија пожртвувана мајка работи двосменски за да обезбеди за потребите на сите – од страна на три баби што живеат во истиот стан, Времето на жените е приземен, емотивен и трогателен роман со нималку наивна претензија да ја подрие официјалната руска историја. Распрскано низ пет различни наратори, белото мастило на Елена Чижова навестува не само обрт од церебралната шишкиновска постмодерна на современа Русија, туку и обид за испишување на женскоста во едно доминантно машко советско минато, кое овде, во пренаселените десет квадратни метри на брежњевски СССР, се чини едновремено и помалку грандиозно и повеличествено од она што редовно парадира низ медиумите.

Поврзани статии

Back to top button