Од насУбави муабети

Убаво што дојде, те молам остани што подолго!

Конечно можам да бидам своја. И толку малку ми е потребно за среќа.

Календарски, денес дојде летото. Моето годишно време. Секој летен ден ми е празник на душава и повод за прославување.

Непоправливо сум вљубена во летото. Да имав можност, сега сигурно ќе живеев некаде каде што е вечно лето.

Го обожавам летото оти шетаме заедно со сите лелеави и цветни фустани.

Го сакам поради долгите седенки во ноќта со пиво во рака.

Летото е толку прекрасно. Сонцето ти го гали телото. Душата и умот.

Го сакам поради плажите и мирисот на море.

Студените коктели и латино ритамот.

Сети се само која магична приказна е зајдисонце во лето.

Искористи го ова лето максимално!

Шетај. Откривај ја твојата земја или плажите на Медитеранот.

Откривај. Светот има што да ти покаже.

Љуби. Лето без галење на плажа во ситните саати не е лето.

Радувај се. Како ученик што се радува на летниот распуст.

Создавај. Убави летни приказни кои на зима ќе ти ја топлат душата.

Прославувај. За секој миг под сонцето.

Лето, прекрасно што дојде и те молам остани бар до октомври…

Поврзани статии

Back to top button