Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Мичо Мало Стапало
Тој обожава да вежба и да се храни здраво. Денеска, не споделува рецепт за здрав оброк, туку за убав ден.
Мојот рецепт за убав ден не е многу комплициран. Ги има следниве состојки: протеински шејк, добар тренинг, позитивни и насмеани луѓе, разговор со ист тип на “лудаци” како мене. И најбитното, да знае човек дека некој мисли на него и го сака баш таков каков шо е. За рецептот да биде вкусен мојот совет е да не пробувате да го смените светот, светот постои таков каков што е, ако сакате промена и убав ден започнете со ликот од огледалото.