Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Сара Реџиќ

Рецептот за убав ден денеска го споделува младата и талентирана дизјанерка, Сара Реџиќ.

Секој човек е приказна за себе, посебен универзум на желби, надежи, борба… Секој на свој начин гледа на животот, но, рецептот за убав ден, според мое мислење е сличен кај сите. Мојот рецепт за убав ден би бил следниот:
Здравје
Радост
Креативност, шаренило, разноликост
Задолжително дружење со луѓето што ги сакам
Многу работа
И сознание дека денот кој изминал не е потрошен бесполезно.
Во последно време, поточно по модниот викенд во Скопје имам повеќе обврски,  работам на нова колекција и на некои други проекти… Така да, поголемиот дел од денот го поминувам во моето ателје, меѓутоа обавезно се наоѓа време за некое кафенце со пријателите, убав филм или претстава или пак опуштена прошетка низ градот. Вечерните часови ги поминувам со моите најблиски, а тоа е моето семејство.

Секој нов ден е нов почеток, ново поглавје…

Започнете го денот позитивно со верба во животот и во луѓето, секоја ситуација има и добра страна, обидете се да го извлечете најдоброто, а со тоа на секој ден ќе му дадете шанса да биде најубав.

Поврзани статии

Back to top button