Убави дестинации

Прекрасните Старбакс кафулиња низ светот

Нема човек кој не слушнал за Старбакс кафето. И секој сака да го проба и да ужива во вкусот кој фасцинира милијарди луѓе ширум светот.

Старбакс е меѓународен синџир на кафе и кафулиња, со седиште во Сиетл, Вашингтон. “Старбакс” е најголемата кафуле компанија во светот, со 17.009 продавници во 50 земји, меѓу кои над 11 000 во САД, над 1 000 во Канада, а над 700 во Велика Британија. Старбакс продава цедено сварено кафе, топли пијалаци базирани на еспресо, други топли и ладни пијалоци, зрна од кафе, салати, топли и ладни сендвичи и панини, колачи, грицки, и предмети, како на пример чаши.

Денеска, се одлучивме да ве однесеме на една прошетка низ најубавите и најуникатните кафулиња низ светот кои го служат токму Старбакс кафето. Разгледајте ги и одлучете веднаш каде ќе го пиете вашето следно Старбакс кафе?

Бебек, Турција: Кафе на кров звучи како супер идеја, нели?

Уникатен бар во Чикаго каде може да уживате во вкусот на омиленото кафе и фрапантната глетка кон облакодерите.

Старбакс кафуле во Дуаби создадено во традиционален стил.

Интересен концепт на Старбакс кафуле во Кина.

А, што велите за кафе во Мароко?

Старбакс кафуле во минималистички стил, Лондон!

Неповторливо доживување за сите сетила (Лонг Бич, Калифорнија)

Старбакс бар во Лос Анџелес.

Шармантен и топол кафе-бар во Рио де Жанеиро.

Ентериер кој ќе ве воодушеви во Санта Круз, Боливија.

Отмено Старбакс кафуле во Сеул, Јужна Кореја.

Во Швајцарија, вашето Старбакс кафе може да го испиете во брендиран воз кој патува на релација од Женева до Сент Гален и обратно.

Поврзани статии

Back to top button