Убави дестинации

Искусете го овој тропски остров со музика, бои, разиграност и позитивна енергија!

Искусете го овој тропски остров со музика, бои, разиграност и позитивна енергија од домовите на гостопримливите и секогаш добро расположените кубанци.

Куба ќе ви овозможи уживање во богатата култура, вкусот на рум во коктели и закуски. Место каде што ќе ги доживеете незаборавните моменти. Токму ова патување ви ветува бескомпромисно и возбудливо искуство.

Куба е зелен смарагд вграден помеѓу Карипското Море, Мексиканскиот Залив и Атлантскиот Океан. Посетителите се добредојдени од импресивната колонијална архитектура на Хавана, која е главен и туристички центар со егзотичен и игривен дух, додека стариот дел на градот е под заштита на УНЕСКО на светското културно наследство. Атмосферата од некои древни времиња се совпаѓа со сегашноста, што ја прави Куба толку мистична и необјаснива.

Ова место е наречено место на цигари, стари автомобили, рум и многу музика. Одлична дестинација за љубителите на танцот, музиката, за вљубените парови, но и за оние кои се сингл.

Палми насекаде, кокос, кактуси, хибискус, цвеќиња од сите бои и многу растенија. Благата клима е дополнителен плус за оваа дестинација. Ве советуваме да го посетите Делфинариумот каде што ќе имате можност да пливате со делфини.

Без разлика дали сакате само да се одмарате,ве советуваме да пробате разни возбудливи активности и да уживате во незаборавниот ноќен живот во латински ритам. Тука ќе го доживеете одморот од соништата и искуство за паметење. 

Поврзани статии

Back to top button